Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стојаноски: Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари
Стојаноски: Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари

Стојаноски: Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари

Еден од младите репрезентативци на Македонија, Димитар Димитриоски (21) е нов член на Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му прави друштво на Тимур Дибиров во новата сезона. Со доаѓањето на Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во добрана на европската титула.

„ Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Вардар досега ги потврди голманот Артурс Кугис, пивотменот Сергеј Горпишин, средниот бек Павел Атман, плус левото крило Димитар Димитриоски, а во следниот период се очекува потврда и за ангажманот на десниот бек Хозе Толедо и Глеб Калараш.