Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Де Толедо на чекор до Вардар!
Де Толедо на чекор до Вардар!

Де Толедо на чекор до Вардар!

Жозе Де Толедо е се поблиску до европскиот шампион! Според информациите, Бразилецот ги договорил личните услови со тимот од Скопје, па сега останува Вардар да најде заеднички јазик со Висла Плоцк (сегашниот тим) на Де Толедо за кој се верува дека е многу блиску.

Де Толедо во Скопје пристигнува како огромно засилување на десната бековска позиција и поддршка за Кристопанс, но и засилување за дефанзивата на европскиот шампион по заминувањето на Мораес. Бразилецот дека е на само еден чекор до Вардар потврдуваат и полските медиуми, кои веќе ја најдоа замената за овој играч на десната бековска позиција.

Жозе Де Толедо изминатава сезона во Лигата на шампионите застана на 41 погодок. Веќе четири сезони ги брани боите на Висла, а има настапувано и за шпански Грањолерс.

За Де Толедо „Јане Сандански” не е непознат терен. Два натпревари играл против Вардар во главниот град и добро ја познава скопската публика.