Новата сезона во машката супер лига треба да почне на 7 септември и првиот дел од сезоната би требало да заврши најдоцна до 15 декември. До вчера, 30 јуни сите клубови што имаат право на настап во елитата требаше да го потврдат своето играње, наскоро ќе се организира и ждрепка за двојките.
Ракометниот клуб повторно ќе има три сениорски колективи коi ќе играат во супелигашка конкуренција. Женскиот тим на Вардар го потврди учеството во женскиот сегмент, овој млад тим и годинава ќе атакува на врвот како и изминатата сезона кога заврши на позицијата број три.
Кај момците покрај Вардар и младиот тим на Јуниор кој е база за млади играчи ќе се натпреварува заедно со тимовите на Работнички, Металург, Пролет, Бутел Скопје, Металург 2, Охрид и Струга, Пелистер и Еурофарм Работник и Радовиш.
Вардар и Еурофарм Работник ќе играат во СЕХА лигата и ќе се приклучат во домашното првенство во плeј-офот на пролет.