Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Генерацијата 2002 на ФК Вардар, дел од силен меѓународен турнир во Фоча
Генерацијата 2002 на ФК Вардар, дел од силен меѓународен турнир во Фоча

Генерацијата 2002 на ФК Вардар, дел од силен меѓународен турнир во Фоча

Генерацијата на ФК Вардар родени 2002 година во периодот од 25-28. јули ќе настапат на силниот меѓународен турнир  “Фудбалски пријатели“, кој ќе се одигра во градот Фоча ( БИХ).

Учество на турнирот ќе земат вкупно десет екипи. Вардар е дел од групата Б, во која ќе бидат и екипите на Локомотив Москва ( Русија) и Црвена Ѕвезда ( Србија). Во групата А ќе се натпреваруваат Крилја Советов ( Русија), Марибор ( Словенија), Будуќност ( Црна Гора) и Сутјеска (Црна Гора), додека во групата Ц се екипите на Мол Види ( Унгарија), Железничар ( БИХ) и Ријека ( Хрватска).

Се работи за 15.јубилејно издание на овој турнир, на кој за прв пат ќе се натпреваруваат и екипи кои доаѓаат од Русија и Унгарија. Мечевите ќе се играат на градскиот стадион во Фоча. Пласман во полуфиналето ќе обезбедат првопласираните од сите групи и најдобриот второпласиран тим.

Натпреварите во групната фаза ќе се одиграат во периодот од 25-27.јули, на 27.јули на програмата се и полуфиналните мечеви, додека на последниот натпреварувачки ден се мечевите за конечен пласман, како и големото финале на овој турнир. Актулен освојувач на турнирот во Фоча е екипата на Ријека од Хрватска.