Tuesday ,31 January 2023
Последни:
Home > Slider > (ФОТО) Фереира се уште не ги заборава добрите моменти во Вардар
(ФОТО) Фереира се уште не ги заборава добрите моменти во Вардар

(ФОТО) Фереира се уште не ги заборава добрите моменти во Вардар

Мораес Фереира помина три одлични години во Вардар, а бразилецот се уште не може да ги заборави добрите моменти во клубот.

На својот инстаграм профил, Мораес Фереира сподели слика, после големата победа против Веспрем и освојувањето на втората Европска титула. На постот коментираше и Кристијан Дисингер, кој напиша, „Единствен бразилец со два Европски трофеи“.

vardarfans-fereira

Фереира во новата сезона ќе настапува за екипата на Веспрем, која е во група со Вардар, така да повторно ќе го видиме во Скопје, но на спротивната страна. Сепак Вардар и во новата сезона ќе има “бразилски шмек„, а тоа е Хозе Гиљермо Де Толедо  кој доаѓа од тимот на Висла Плок.