Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Жуниор останува дел од Вардар и во новата сезона
Жуниор останува дел од Вардар и во новата сезона

Жуниор останува дел од Вардар и во новата сезона

Бразилскиот интернационалец во дресот на Вардар, Реис Родригес Жуниор и дефинитивно останува дел од тимот и во новата натпреварувачка сезона.

Одличниот Жуниор пред неколку дена се врати во Скопје од својот роден Бразил и токму затоа сеуште не е присутен на тренинзите на својот тим. Жуниор во овој момент се адаптира на нашата клима, а можно е да настапи на пријателскиот дуел против Работнички кој се игра во среда во главниот град.

Останувањето на Жуниор е еден голем плус за Васоски, бидејќи Бразилецот одигра фантастично минатата сезона, а постигна и три погодоци.

Родригес Жуниор беше поврзуван и со трансфер во Партизан, но од тоа нема ништо.