Генерацијата на ФК Вардар родени 2002 година во периодот од 25-28. јули ќе настапат на силниот меѓународен турнир “Фудбалски пријатели“, кој ќе се одигра во градот Фоча ( БИХ).
Учество на турнирот ќе земат вкупно десет екипи. Вардар е дел од групата Б, во која ќе бидат и екипите на Локомотив Москва ( Русија) и Црвена Ѕвезда ( Србија). Во групата А ќе се натпреваруваат Крилја Советов ( Русија), Марибор ( Словенија), Будуќност ( Црна Гора) и Сутјеска (Црна Гора), додека во групата Ц се екипите на Мол Види ( Унгарија), Железничар ( БИХ) и Ријека ( Хрватска).
Се работи за 15.јубилејно издание на овој турнир, на кој за прв пат ќе се натпреваруваат и екипи кои доаѓаат од Русија и Унгарија. Мечевите ќе се играат на градскиот стадион во Фоча. Пласман во полуфиналето ќе обезбедат првопласираните од сите групи и најдобриот второпласиран тим.
Натпреварите во групната фаза ќе се одиграат во периодот од 25-27.јули, на 27.јули на програмата се и полуфиналните мечеви, додека на последниот натпреварувачки ден се мечевите за конечен пласман, како и големото финале на овој турнир. Актулен освојувач на турнирот во Фоча е екипата на Ријека од Хрватска.