Во новата сезона на пикерската позиција во Вардар ќе игра словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко (21). За 202 см високиот интернационалец ова ќе биде второ искуство со играње надвор од Словенија. Лани настапуваше во австрискиот клуб Брук. Сикошек Пелко ќе му биде соиграч на Стојанче Стоилов и на Сергеј Горпишин.
Како ќе се покаже младиот Сикошек, за кој ретко некој знаеше во Македонија, останува да видиме низ настапите во Лигата на шампионите.
Видео од новиот играч на Вардар: