Во недела со почеток од 12 часот во спортската сала во Битола, ќе се одигра дерби натпреварот помеѓу екипите на ХЈС Работник и Рк Вардар 2. Ова е всушност дуел на двата единствени тима, кои сеуште немаат доживеано неуспех во новата сезона. Со максимални 12 освоени бодови, по првите четири одиграни кола, Работник и Вардар ја делат првата позиција. Сепак поради подобрата гол разлика, црвено-црните се наоѓаат на врвот на табелата.
Ова ќе биде вистински тест за избраниците на Стојан Петрушевски, кои на стартот покажаа квалитет и дадоа до знаење дека можат да се носат со било кој противник. Двата мечеви на овие две екипи, во најголем дел може да го реши конечниот пласман на табелата, што се однесува за првите две позиции. Битолчани најверојатно ќе бидат најголемиот противник за младите Вардарци, во борба за првото место. Во минатато коло, Вардар 2 беше убедлив на домашен терен, против тимот на Гостивар. ХЈС Работник забележа нов триумф, на гостувањето против Метрополис.
Изненадувачки беше нерешениот исход на Струга, која исто така имаше максимален ефект, после трите одиграни мечеви. Риниа- М од Чаир успеа да им одземе бодови на Стружани, кои се очекува исто така да се вмешаат во борбата за највисок пласман. Ние се надеваме дека Вардар ќе одигра уште одличен дуел и ќе ја потврди доминацијата во првата ракометна лига.