Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Кристијан Чурлинов: Сите сме спремни за новиот предизвик и со нетрпение го очекуваме натпреварот, против Македонија Ѓ.П,
Кристијан Чурлинов: Сите сме спремни за новиот предизвик и со нетрпение го очекуваме натпреварот, против Македонија Ѓ.П,

Кристијан Чурлинов: Сите сме спремни за новиот предизвик и со нетрпение го очекуваме натпреварот, против Македонија Ѓ.П,

Во сабота ќе се одигра 8 коло од првенството на младинските фудбалски категории. После пауза од една недела, продолжуваат возбудувањата во младинските категории. Противник на сите Вардарови генерации е тимот на Македонија Ѓ.П. Свој дуел ќе одиграат помладите пионери на двете екипи. Со почеток од 9 часот на теренот во Ѓорче, силите ќе ги одмерат двете најмлади екипи, кои се натпреваруваат во првенството. Вардарци ова коло го дочекуваат како лидери на табелата, со вкупно 19 освоени бодови. Капитенот на црвено-црните, Чурлинов најавува тежок дуел и борба за нови три бодови.

-Исто како и секој претходен натпревар, така и на овој дуел ќе се бориме до крај да победиме. Противникот игра добро оваа сезона, сепак ние напорно трениравме изминатава недела и се подготвувавме за овој меч. Сите сме спремни за новиот предизвик и со нетрпение го очекуваме натпреварот, против Македонија Ѓ.П, изјави Кристијан Чурлинов за Вардар фанс.

Звонко Ивановски