Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред на натпревари, во второто коло на ракометните младински категории на Вардар
Распоред на натпревари, во второто коло на ракометните младински категории на Вардар

Распоред на натпревари, во второто коло на ракометните младински категории на Вардар

Второто првенствено коло кај младинските категории, ќе се одигра овој викенд. Во него ќе настапат сите екипи на машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар.

Кадетите на Рк Вардар јуниор ќе го одиграат својот втор натпревар во новата сезона, во својата конкуренција. Во второто коло оваа екипа предводена од Слободан Чивлачки беше слободна. На стартот од сезоната одиграа нерешено со тимот на ГРК Борец (31:31). Следен противник на нашите момци е Рк Радовиш, овој натпревар ќе се одигра во недела во малата сала на Јане Сандански. Почетокот е закажан за 14:30 часот. Истава екипа, предводена од истиот тренер се натпреварува и во младинската лига. Во првото коло, црвено-црните беа слободни. Својот прв меч во новата сезона ќе го одиграат на домашен терен против Рк Охрид 2013. Дуелот на овие две екипи е закажан за сабота, со почеток од 13:30 часот во малата сала на С.Ц. Ј. Сандански. Втората Вардарова екипа која се натпреварува во младинската лига е предводена од Зоран Петковски. Рк Вардар јуниор на домашен терен го пречекува Рк Пролет 62. Натпреварот ќе се одигра исто така во Јане Сандански, со почеток од 16:00 часот.

Во кадетската женска лига, во второто коло во меѓусебен дуел ќе се сретнат двете екипи на црвено-црните. Вардар против Вардар јуниор ќе си ги одмерат силите. Овој меч ќе се одигра во недела, на Кале во 13:00 часот.

Младинките предводени од Билјана Пецевска по воведната победа против Рк Чаир, во сабота ги продолжуваат настапите во младинската лига. Тие први ќе ги отворат натпреварите на нашите категории, во малата сала на С.Ц. Јане Сандански. Противник е екипата на Рк Кичево 10. Дуелот ќе се одигра во 12:00 часот.