Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дуото Диви-Џамбо на голот, Штербик останува во Скопје со Душебаев поради болест
Дуото Диви-Џамбо на голот, Штербик останува во Скопје со Душебаев поради болест

Дуото Диви-Џамбо на голот, Штербик останува во Скопје со Душебаев поради болест

На престојните два дуела со Колдинг и ППД Загреб  голманското дуо на црвено – црните ќе биде Диви-Џамбо. За Данска утре рано наутро ќе патуваат Петар Ангелов -Диви и Милиќ-Џамбо од како се увиде дека првиот избор на Гонзалез Арпад Штербик нема да може да помогне на овие два дуела.

 Штербик и неговиот соиграч од шпанската репрезенација Алекс Душебаев заедно со помошник тренерот Давид Дејвис имаат здраствени проблеми со стомачен вирус што е причина за да ги пропуштат дуелите на 18-ти и 19-ти Октомври во ЛШ и СЕХА лигата. Шпанскиот ракометен стручњак кој е на кормилот на РК Вардар Раул Гонзалез ќе има потешкотии со составувањето на тимот бидејќи покрај овие двајца од претходно повредени и надвор од стројот се Столе Стоилов и Деревен. Покрај нив проблеми со повреда има и Горбок, но за него се очекува да настапи на овие две гостувања. Сепак и покрај овие проблеми со повредени играчи од црвено-црниот македонски шампион се очекува да дојде до петата победа од исто толку мечеви во најквалитатната европска ракометна конкуренција.