Младите вардарци екипата на РК Вардар јуниор денеска за првпат ќе можеме да ја следиме низ директен ТВ пренос во нивната дебитанска сезона во Супер Лигата. Тие денес во 20-00 часот гостуваат кај тимот на РК Тинекс Пролет `62.
Преносот од македонската ракометна лига ќе го реалзира Македонската радио и телевизина на собранискиот канал. Овој скопски дуел во суперлигашката конкуренција е дел од шестото коло на најквалитената македонска ракометна конкуренција. Во првите пет кола избраниците на Пепи Манасков имаат скор од две победи и три порази и се наоѓаат на шестата позиција од табелата. Мечот ќе се одигра во скопската населба Пролет во школската сала на училиштето “11 октомври “.