Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пелистер официјално одреди! Ќе го пречека ФК Вардар во Прилеп
Пелистер официјално одреди! Ќе го пречека ФК Вардар во Прилеп

Пелистер официјално одреди! Ќе го пречека ФК Вардар во Прилеп

Раководството на ФК Пелистер одлучи реванш мечот од 1/8финалето од купот на РМ на домашен терен со црвено – црните да го одигра во Прилеп. Оваа одлука беше очекувана ако се знаеше дека заради градежните зафати на стадионот “Тумбе Кафе“ досегашните второлигашки дуели се одигруваа во Прилиеп.

Вчера за оваа одлука официјална на битолчани е известен со допис и нашиот ФК Вардар. Дуелот ќе се одигра во среда 21 октомври со почеток во 14часот и 30 минути на стадионот “Гоце Делчев“-Прилеп. Ова е реванш дуел на мечот во Скопје на Арената Филип втори вардарци убедливо победиа со резултат 4-1 (3-0). ФК Вардар во доста тежок момент го дочекува овој дуел бидејќи во недела гостува кај ФК Слога, а следниот викенд ја пречекува екипата на Шкендија, па се очекува тренерот на црвено – црните Гоце Седлоски во среда да настапи со комбиниран тим заради зачувување на силите за прволигашките дуели и поради поволниот резултат од скопскиот дуел.