Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Абутовиќ за Вардар фанс: Одиме во Данска по нови бодови
Абутовиќ за Вардар фанс: Одиме во Данска по нови бодови

Абутовиќ за Вардар фанс: Одиме во Данска по нови бодови

Екипата на Колдинг од Данска, ќе биде следниот предизвик за црвено-црните во ракометната лига на шампиони. Вардарци ќе се борат за својата петта последователна победа во групната фаза, додека противникот ќе го брка својот прв триумф во новата сезона. Натпреварот ќе се одигра во недела, со почеток од 16:50 часот, со директен пренос на МРТ-1. Денес се очекува нашиот шампион да замине за Данска. Еден од “столбовите“ во одбраната, Абутовиќ очекува тежок и неизвесен дуел.

-Одиме во Данска по нови бодови, тоа што имаме четири победи, а тие исто толку порази, не мора ништо да значи. Секој натпревар во лигата на шампионите, посебно играње на гостински терен е многу тешко. Сепак ние добро се подготвувавме за овој дуел.

Тренерот Гонзалес има мали проблеми со составување на тимот, за ова гостување. Во составот ќе недостасува Штербик, Душебаев и Деревен, кој се повреди на мечот со Рајн-Некар.

-Иако одиме без Штербик, Душебаев и Деревен, сепак се надевам дека ќе одиграме најдобро. Имаме многу квалитетни играчи, доста ротираме и мислам дека тука е нашата предност за триумф против Колдинг, изјави Илија Абутовиќ за Вардар фанс.

Звонко Ивановски