Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: МКЛ нови две екипи сезонава, Вардар ќе има седум ривала
Куглање: МКЛ нови две екипи сезонава, Вардар ќе има седум ривала

Куглање: МКЛ нови две екипи сезонава, Вардар ќе има седум ривала

Кугларската федерација на Македонија официјано го затвори списокот на учесници во Македонската кугларска лига, МКЛ. Тие преку соопштение го информираа следното:

Вчера, на 19.07.2019 истече рокот за пријавување на екипи кои би земале учество во следната натпреварувачка сезона на МКЛ. После среќните кугларски вести за учество на репрезентацијата на СП после долга пауза, организација на кадетско првенство после предолга пауза, нови среќни вести дека се пријавија две новоформирани женски екипи за новата сезона во МКЛ: ЖКК ГТЦ Мусандра и ЖКК Пелистер ТС Холдинг. Со нив, бројката на екипи во МКЛ од 6 порасна на 8. 
Им посакуваме топло добредојде во македонското куглање и им посакуваме успеси во најбрз можен рок!

Еве ја листата на екипи за 19/20 (по азбучен ред):

1. КК Вардар 2014 – Скопје
2. КК ГТЦ Мусандра – Скопје
3. КК Империјал Тобако ТКС – Скопје
4. КК Макпетрол – Скопје
5. КК Пелистер 1982 – Битола
6. КК 18 Август 2016 – Скопје
7. ЖКК ГТЦ Мусандра – Скопје
8. ЖКК Пелистер ТС Холдинг – Битола