Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Се извлекувавме постојано со Косово, во минималната победа вардарки имаа 13 гола
Се извлекувавме постојано со Косово, во минималната победа вардарки имаа 13 гола

Се извлекувавме постојано со Косово, во минималната победа вардарки имаа 13 гола

Освен фактот што победивме и тоа минимално се друго е за заборав. Македонија се вадеше постојано во дуелот со Косово, земја каде нема традиција за женски ракомет. На денешниот натпревар на ЕХФ Шампионатот во Литванија победивме со минимални 31-30, на оваа средба многу често бевме на „работ на безната“ против тим кој треба да е „лесен залак“ за нас.

Стартот слободно можеме да кажеме дека беше нешто ужасно, дозволивме сино-жолтите да поведат со неверојатни 7-0. Македонија има среќа што на голот има голман како Јована Мицевска која не врати во живот. Влеговме во серија, имавме повеќе од играта па успеавме да одиме на одмор со два позитива 14-12.

Косоварките не се предаваа па успеаа пак да се вратат во игра и да ја вратат резултатската симетрија. Успеавме да одиграме повторно за една класа подобро што ни донесе комотни четири гола позотива пред самиот крај. Водевме со 31-27 и во моментите кога требаше да покажеме рутина и зрела игра  ние пак потфрливме на необјаснив начин. Ривалот  одигра пресинг, ние почнавме да ги губиме топките што резултираше со три брзи гола. Во последните 16.секунди влеговме со 31-30 и психолошка предност на ривалот. Нашата клупа веднаш реагираше побара минута одмор со цел да се спаси мечот од евентуален нов кикс и погодок за бламажа. Успеавме да добиеме пенал кој не го претвори во гол Седлоска, таа шутна силно, но само во гредата. Играта денес не задоволи, оној полетен тим од мечот со Грузија и борбениот од мечот со Литванија едноставно го немаше.

Вардарки постигнаа 13 гола, Седлоска која претежно изведуваше казнени удари имаше 8, Ана Марија Божиновска која беше една од ретките која играше на високо ниво, девојка која секогаш ја оправдува укажаната доверба постигна 4 гола од кој еден од над десетина метри, пикерот Ивана Џатевска додаде еден погодок.

По оваа победа следен и последен предизвик ни е мечот со Ф.Острови за пласман на 5или 6.место.

Сосема заслужено најдобар поединец денес беше прогласена поранешната вардарка, Јована Мицевска.