Bo новата сезона РК Вардар ќе биде предводен од шпанецот, Давид Писонеро. Тој ќе се обиде да оди по стапките на Раул Гонзалез и Роберто Гарсија Парондо и да ги повтори нивните успеси со македонскиот првак.
„Водењето на победникот на Лигата на шампионите е голем чекор во мојата кариера. Се надевам дека ќе започнам со титула на Супер глоуб турнирот. Тоа ќе биде фантастичен старт за мене.Би сакал да играме на слично ниво како и минатата сезона и да го повториме големиот успех во Европа. Секако дека ќе има на што да се внимава во текот на подготовките. Неколку работи од нашата игра очекувам да се подобрат-вели Писонеро.