Вардар ќе остане запишан во историјата на македонскиот спорт, како единствен тим кој успеал на два пати да ја покори Европа и да ја освои Лигата на Шампионите. Синонимот за Вардар е „Никогаш не се откажувај“ па дури и кога е најтешко. Најдобар пример за ова е полуфиналето на завршниот турнир во Келн, за изминатата сезона, на кое се сретнаа екипите на Вардар и Барселона. Иако каталонците во еден момент имаа и највисоки седум голови разлика, сепак Вардар не се предаде и постепено ја стопи негативата. Со голем пресврт обезбедивме пласман во големото финале, кое следниот ден го добивме во наша корист. Најдовме едно одлично видео, кое во вистинска смисла го отсликува каков е Вардар.