Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро: Сакам да започнам со титула на „Супер глоуб“
Писонеро: Сакам да започнам со титула на „Супер глоуб“

Писонеро: Сакам да започнам со титула на „Супер глоуб“

Bo новата сезона РК  Вардар ќе биде предводен од шпанецот, Давид Писонеро. Тој ќе се обиде да оди  по стапките на Раул Гонзалез и Роберто Гарсија Парондо и да ги повтори нивните успеси со македонскиот првак.

„Водењето на победникот на Лигата на шампионите е голем чекор во мојата кариера. Се надевам дека ќе започнам со титула на Супер глоуб турнирот. Тоа ќе биде фантастичен старт за мене.Би сакал да играме на слично ниво како и минатата сезона и да го повториме големиот успех во Европа. Секако дека ќе има на што да се внимава во текот на подготовките. Неколку работи од нашата игра очекувам да се подобрат-вели Писонеро.