Младите вардарци беа поуспешни во градското суперлигашко дерби тимот на РК Тинекс Пролет 62. Овој меч беше дел од шестото коло во домашната лига каде црвено – црните имаат половичен успех во досегашниот дел од сезоната, односно три победи и исто толку порази. Екипата на Вардар Јуниор мечот го доби со конечни 25-29, а на полувреме резултатот на семафорот беше (11-13).
Почетокот му припадна на домаќинот од скопската населба Пролет, тој водеше во првите две третини од првиот дел, најмногу предноста на Тинех Пролет одеше до три погодока првин 9-6 а подоцна и 10-7. Избраниците на Пепи Манасков ги консолидираа својте редови во финишот на првиот дел и успееа да направат пресврт. Во последните десетина минути од мечот со одлична игра во дефанзива и казнување на грешките на противникот нашите јуниори направија серија од 1-6 со што го свртеа резулатот во наша полза, на одмор се отиде со два позитива за нашиот тим 11-13. Вториот дел започна како што заврши првиот младите надежи на црвено-црните повторно во налет нашите момци постигнуваат два гола на брзина и сега серијата изнесува 1-8 , со што се наговестува победата за гостите во тој момент резултатот на семафорот беше 11-15. Докрај нашите надежи го зголемуваа водството и до максимум шест гола и тоа на неколку наврати, предноста до крајот варираше од четири,пет до максимум шест гола предност за црвено-црните. Сепак во финишот домаќините успееа да загубат со помала негатива од само четири гола, мечот заврши 25-29.
Најистакнати кај РК Вардар јуниор на овој меч беа: Голманот Чаневски со 14-одбрани, Чурлевски 7-гола, а Јовчевски запиша 6-погодоци.