Членот на Жрк Вардар СЦБТ и Српската ракометна репрезентација Андреа Лекиќ со вкупно 46 гласови е избрана за најдобра ракометарка на Балканот за изминатата сезона. Изборот е направен според гласовите на ракометните новинари од шест земји и фановите на ракометниот порталот Балкан –Хандбал.Ова е веќе трета ваква награда за Андреа ,што се однесува до изборот на споменатиот портал,претходно и во 2010 и 2011 Лекиќ ја добиваше истава награда.Ова е уште едно големо признание за Андреа Лекиќ по она во 2013 кога беше прогласена за најдобар женски играч во светот заедно со Домагој Дувњак кој пак ја понесе наградата за најдобар машки играч.
Ова беше прва сезона за Лекиќ во дресот на Жрк Вардар СЦБТ ,со кој го продолжи договорот за уште две години со клубот од Скопје.Покрај неа во најдобрата постава на Балканот во изминатата сезона,се најде и нејзината соиграчка од Вардар Јованка Радичевиќ која настапува на позицијата десно крило.
17.06.2014