Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Македонија М18 ја совлада Украина на дуел од ЕП Б-дивизија, Ташковски забележа настап
Македонија М18 ја совлада Украина на дуел од ЕП Б-дивизија, Ташковски забележа настап

Македонија М18 ја совлада Украина на дуел од ЕП Б-дивизија, Ташковски забележа настап

image-4

Вчера, Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години ја забележа втората победа на Европското првенство  Б-дивизија во Романија. Нашиот состав славеше над Украина со два поена повеќе, 71-73.

Натпреварот во Орадеа  во последната четвртина го внесовме  со позитива од пет поени (48-53), сепак  Украина се врати и  изедначи на 57-57. Бевме поприсебни и во последните шест минути успеавме да победиме со два поена. Ова е втора победа од два дуела за оваа селекција.

Андреј Јакимовски имаше „дабл-дабл“ и беше стрелец на 21 поен со уште 11 скока,  вардарецот Виктор Ташковски одигра над 7 минути, погоди три поени и имаше една асистенција.