Европскиот ракометен шампион се подготвува за новата натпреварувачка сезона, а вечерното време го користи за дружба, како и со запознавање со новите играчи.
Вардарци беа во посета на населбата Драчево, односно во добро познатата пицерија во ова место, се работи за „Ла гондола“. Секако дека вардарци беа препознаени од присутните гости, па секој од нив сакаше да се фотографира со Европските шампиони.
Интересно, гостин, беше и довчерашниот играч на Вардар, се работи за Игор Карачиќ, кој очигледно го искористува секој момент да дојде во Скопје и да се дружи со своите веќе поранешни колеги од екипата.