Вчера, Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години ја забележа втората победа на Европското првенство Б-дивизија во Романија. Нашиот состав славеше над Украина со два поена повеќе, 71-73.
Натпреварот во Орадеа во последната четвртина го внесовме со позитива од пет поени (48-53), сепак Украина се врати и изедначи на 57-57. Бевме поприсебни и во последните шест минути успеавме да победиме со два поена. Ова е втора победа од два дуела за оваа селекција.
Андреј Јакимовски имаше „дабл-дабл“ и беше стрелец на 21 поен со уште 11 скока, вардарецот Виктор Ташковски одигра над 7 минути, погоди три поени и имаше една асистенција.