Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар го освоија шесттото место на силниот меѓународен турнир во Фоча ( БиХ). Во конкуренција на 10 квалитетни екипи, црвено-црните завршија на шесттата позиција.
Денес на последниот натпреварувачки ден, црвено-црните се сретнаа со екипата на Ријека. Избраниците на Филип Деспотовски на овој дуел беа минимално поразени со резултат 0:1. По една голема грешка во одбраната на Харбин Речица, кој најпрво ја загуби топката, а потоа и направи прекршок, по кој судијата досуди на белата точка. Сигурно реализираше екипата на Ријека, за предност на овој дуел. Во последните минути, уште една голема прилика за противникот, но одлично одбрани Матеј Величковски кој беше на голот на Вардар, на овој последен натпревар на турнирот. Шанса кај Вардар во првиот дел, имаше Ринор Исени, кој биеше, но голманот на Ријека се најде на вистинското место и му го одбрани ударот.
Вардар: Величковски, Шабани, Величковиќ (C), Мицевски, Симев, Гугуљанов, Трајановски, Речица, Петејчук, Исени, Демири.
Во игра влегоа уште и Салиу, Асани и Хсани.
Во големото финале на турнирот во Фоча, ќе играат екипите на Марибор од Словенија и Локомотива Москва од Русија. На овој турнир, генерацијата 2002 на Вардар беше драстично ослабена, за неиграњето на своите најдобри играчи кои се наоѓаат на подготовки со првиот тим. Се работи за Игнатов, Ѓурковски и најдобриот стрелец, тоа е Омерагиќ.