Македонската женска кадетска селекција викендов имаше два успешни тест-дуели против соодветната селекција на Бугарија. Ова беа последни контролка пред заминувањето за Италија идната недела каде ќе бидеме дел од ЕХФ Шампионатот У17.
Заминувањето за Италија е предвидено за утрото на први август, четврток. Списокот до тогаш ќе биде дефиниран и скратен на потребниот број на ракометарки за настап. Девојките по денешните настапи остануваат во хотелот Континентал, тие тренизите до заминувањето ќе ги имаат во салата Автокоманда каде и се играа дуелите со Бугарија. За жал ќе се патува со автобус што ќе биде додатно оптеретување за младите девојки.
Првиот дуел на шампионатот за избраничките на Пановски Владимир и Симе Симовски е предвиден за 4.август против домаќинот Италија. Кадетската репрезентација на Македонија е во групата Б заедно со репрезентациите на Полска, Белорусија, Италија и Азербејџан.