Фудбалската федерација на Македонија преку ждрепка ги одреди паровите за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, која започнува во август.
Во првото коло нашиот Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на Македонија ЃП, додека пак во второто коло игра на гости кај Борец 1919 од Велес. Дерби дуелот со Шкендија ќе биде одигран на 06. октомври на стадионот во Тетово.
Целиот распоред за есенскиот дел од шампионатот ТУКА.
Првата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе се емитува на ТВ-екраните. Јавниот национален сервис МТВ и „Арена Спорт“ ги имаат правата.