Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Георг Стојановски прогласен за најдобар играч на турнирот „Христо Бонев“ во Бугарија
Георг Стојановски прогласен за најдобар играч на турнирот „Христо Бонев“ во Бугарија

Георг Стојановски прогласен за најдобар играч на турнирот „Христо Бонев“ во Бугарија

Во периодот од 23-27.јули, генерацијата 2003 на ФК Вардар беше дел од силен меѓународен турнир „Христо Бонев“ на кој го освоија второто место.

На целокупниот турнир нашите млади надежи одиграа пет натпревари, на кои остварија два порази, единствените од екипата на Лудогорец, која не победи и во големото финале. Во групната фаза имавме две победи, против екипите на ЦСКА Содија (3:1) и Стеауа Букурешт (1:0). Во полуфиналето после изведувањето на пенали ја победивме екипата на Будуќност (4:3), додека во регуларниот дел мечот заврши без победник (2:2). Во големото финале се сретнавме со тимот на Лудогорец, кој не порази со идентичен резултат, како и на дуелот во групната фаза (2:0).

Покрај освоеното второ место, Вардар може да се пофали дека го имаше и играчот кој доби признание за МВП на целокупниот турнир. Се работи за најдобриот стрелец на оваа генерација, момчето кое е родено 2004 година, и пред кој претстои блескава иднина. Се работи за Георг Стојановски кој на турнирот беше стрелец на три гола за Вардар. Гео ги воодушеви организаторите на турнирот, кои на крајот му го доделија трофејот за најдобар играч