Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар не го доигра ниту третиот контролен натпревар, мечот со Ал Аин прекинат на полувреме поради невреме
Вардар не го доигра ниту третиот контролен натпревар, мечот со Ал Аин прекинат на полувреме поради невреме

Вардар не го доигра ниту третиот контролен натпревар, мечот со Ал Аин прекинат на полувреме поради невреме

Вардар не го доигра до крај ниту третиот контролен натпревар на подготовките во Словенија. Откако првиот меч против Дравиња, при наша предност од 1:0, беше прекинат во 60 минута, и вчерашниот дуел против светскиот вицешампион, тимот на Ал Аин, е прекинат по само 45 минути игра, поради силен дожд.

Според информациите, Вардар бил многу подобриот тим на теренот, бил поконкретен, а ја имал и најголемата шанса за отварање на резултатот. Младиот напаѓач, Џемал Ибиши немал среќа, кога ја погодил само стативата од голот на противникот. Црвено-црните имале обиди и преку Брдаровски и Цветановски, но немало погодок, додека Ал Аин речиси и да се заканил кон нашиот гол.

Вардар: Гачевски, Тошевски, Новак, Серафимов, Жуниор, Најдовски, Мицевски, Аврамовски, Брдаровски, Цветаноски, Ибиши.