Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Бугарија „падна“ втор пат, вардарки главни во победата на кадетската ракометна репрезентација
Бугарија „падна“ втор пат, вардарки главни во победата на кадетската ракометна репрезентација

Бугарија „падна“ втор пат, вардарки главни во победата на кадетската ракометна репрезентација

Утрово во спортската сала во населбата Автокоманда, Македонија дојде до втората победа над кадетската селекција на Бугарија. Црвено-жолтите девојки на Пановски Владимир и Симе Симовски триумфираа со 24-20. Тие во еден момент имаа и високи 20-10, но поради големиот број на исклучувања и давањето на шанса на повеќе девојки, предноста делумно се стопи.

67399659_10214861645516869_6704337807529213952_n-2 67353773_10214861649396966_875980497237311488_n-2

Дуелот започна на доста сличен начин како и вчерашниот. Повторно Симона Грујовска отвара со фантастична одбрана, во напад Ивана Џатевска го користи тоа за да поведеме со 1-0 во 2.минута. Следеа „стерилни“ седум минути во кои ние не погодивме. Противникот успеа со серија 0-3 да направи пресврт и да поведе, во тие моменти единствено на ниво беше Грујовска која нанижа пет одбрани. Во игра како креативец беше уфрлена Ана Марија Коларовска, што веднаш се почуствува, со нејзиниот гол успеваме да го намалиме резултатот на 2:3. По водството на ривалот со 2-4 ние успеавме да направиме серија 4-1 и да поведеме. Седлоска погодува два пати од пенал, Стефанија Ѓорѓиевска се „буди“ и стрела исто така два пати. На тоа се придодаваат нови две одбрани на Грујовска и одличната игра во дефанзива на Гроздановска Ангела, па правиме пресврт, поведувајќи со 6-5. Ривалот се враќа со гол за израмнување, сепак ние повторно имаме свои минути. Нововлезената Јована Трајкоска започнува со одбрана, таа ја замени Грујовска која имаше шест одбрани од 12 удара (50%). „Вардаров танц“ следеше потоа, Фани Ѓорѓиевска стрела два пати, Ивана Џатевска „забива“ за 9-6, а Седлоска е прецизна за 10-6 по што следи минута одмор за бугарките. До крајот умешно ги исконтролиравме овие четири гола предност, иако многу често игравме со играч помалку во поле, поради големот број на исклучувања за нас. На одмор заминавме со резултат 13-9.

67315915_10214861647756925_3248914451847446528_n

На сцена во вториот дел беше црвено-жолтата доминација. Веќе по пет минути игра поведовме со 17-9, од вардарки Трајкоска „вгради“ одбрана, а голот за осум плус го постигна Ана Марија Коларовска. Најголемата предност, односно двоцифрената разлика дојде при резултат 19-9, кога Џатевска погоди на истекот на 39.минута. Во оваа серија нововлезената Ива Јаковчевска исто така стрелаше. Македонската клупа по резултатот 20-10, даде шанса на девојките кои не добија прилика до тогаш и на вчерашниот меч, падна ритамот па противникот намали на 21-17 на влезот во последните десет минути од оваа средба. Бугарија намали и на само два гола предност, 21-19 од клупата беа уфрлени веднаш Грујовска, Седлоска, Костовиќ и Дамјановска кои дадоа цврстина. Умешно го привршивме дуелот и со серија 3-1 успеавме да победиме со резултат 24-20.

dsc_2074-2 67228560_10214861643796826_7676712910080442368_n

Вардарките го имаа следниот удел во овој триумф, голманките: Симона Грујовска 8 (одб), Јована Трајкоска 8 (одб), стрелци: Стефанија Ѓорѓиевска 4, Ивана Џатевска 3, Андреа Седлоска 3, Ана Марија Коларовска 2, Теодора Стаменкова 1, Мими Петковска 1.