Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Кадетките на Македонија подобри од Бугарија, одличен настап за нашите вардарки
Кадетките на Македонија подобри од Бугарија, одличен настап за нашите вардарки

Кадетките на Македонија подобри од Бугарија, одличен настап за нашите вардарки

Во првиот контролен дуел кадетките на Македонија успеаа да ја совладаат селекцијата на Бугарија со резултат 32-30. Нашите девојки лошо почнаа,  но успеаа да изедначат до полувреме. Во вториот дел доминираа во салата Автокоманда.

5

Дуелот започна со два промашени напади на двете страни, на нашиот гол Симона Грујовска врза две интервенции. Противникот успеа во првите 10.минути да биде подобар тим, па во еден период од мечот имаа предност од 7:4. Кај Македонија доминираа вардарки во тие моменти, три гола имаше Стефанија Ѓорѓиевска, еден Мими Петковска и Грујовска до тој момент имаше дури седум одбрани. Се вративме во игра и со головите на Андреа Седлоска и нов на Ѓорѓиевска намаливме на 6-7. Потоа се играше гол за гол, се до 23.минута кога на семафорот стоеше 9-10. На голот на Македонија со одбрана отвори нововлезената Јована Трајкоска, која ја замени Грујовска, која имаше 11 одбрани од 19 удара. Одбраната на Јоци во напад ја награди Ивана Џатевска, со еден прекрасен гол за изедначување 10-10. Во последната минута влеговме со резултат 12-13, на 13.секунди до крајот повторно Џатевска беше играчот за изедначување.

2 4

Вториот дел го започнавме со контрола на играта и резултатот, по шест минути игра водевме со 18-15. Најпрвин беше направен пенал над Ана Марија Коларовска кој во гол го претвори за 17-17, Седлоска, додека во следната акција атрактивно погоди Сара Миновска за 18-15. Далеку подобар противник бевме во поле, па успеавме да отидеме и на пет разлика при резултат 23-18. Тогаш од вардарки стрелаа Костовиќ Ангела и Коларовска која го постигна голот за пет позитива. Следеше ротација која ни донесе пат во играта на 8.минути до крајот погоди Бугарија за 25-25.

3

Противникот успеа да погоди и поведе со 25-26. Од клупата веднаш беше уфрлена Грујовска, која со две одбрани не врати во игра. Веднаш тоа го наградија Коларовска која направи прекрасно движење за изедначување, а Мими Петковска се вивна во воздух и погоди за водство од 28-27. Го исконтролиравме дуелот и дојдовме до победа. Ангела Костовиќ стави точка со голот за 32-30 колку што и заврши овој дуел.  Куп лауереатката Грујовска со 15 одбрани го заврши овој дуел. 

Фотогалерија од овој дуел ќе поставиме во текот на утрешниот ден.