Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > (ФОТО) Капитенот не губи време, Столе со посебна програма се подготвува за новата сезона
(ФОТО) Капитенот не губи време, Столе со посебна програма се подготвува за новата сезона

(ФОТО) Капитенот не губи време, Столе со посебна програма се подготвува за новата сезона

Европскиот ракометен шампион стартуваше со подготовките за новата натпреварувачка сезона, веќе четврти ден црвено-црните ја билдаат формата и кондиционата спремност.

Единствен кој тренира посебно, по друга програма е капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов. Пикерот имаше оперативен зафат пред еден месец, па сигурно дека ќе биде потребно време за да се врати на терените. Столе не губи време, па во теретана работи по посебна програма, како дел од рехабилитацијата.

vardarfans-stole

Прогнозите велат, дека вардаровиоте капитен ќе биде подготвен за игра, на почетокот на сезоната во Лигата на Шампионите, во која неговиот тим ќе се обиде да ја одбрани Европската титула.