Генерацијата 2006 на ФК Вардар која успеа минатата сезона да ја освои детската лига, во новата сезона ќе биде дел од регионалната-скопска лига. Филип Спасески ја доби довербата и понатаму да ја води оваа генерација, единствениот кој успеа да ја донесе на врвот во Македонија. Со оглед дека пет играчи заминаа во Академијата на ФФМ, а клубот има забрана за носење на нови играчи, нема промени во составот на оваа генерација. Лефковски, Гаштаров, Сековски, Коловски и Галевски и изминатата сезона беа дел од генерацијата 2005 на Вардар, само Сековски беше дел од генерацијата 2006 на завршниот турнир во детската лига. Единствен играч кој го напушти Вардар беше Никита Патаровски кој замина во Кул.
Погледнете фотогалерија од вчерашниот тренинг на генерацијата 2006.