Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар, денес одиграа натпревари на турнирите во Боровец и Фоча.
Кадетите предводени од Филип Деспотовски одиграа без победник (0:0), во дуелот со екипата на Локомотива Москва. Гледавме еден дуел на кој нашиот тим имаше поголем посед на топка, со шанси на двете страни, но на крајот ниту една од мрежите не беше затресена. На Вардар му беше поништен гол од сомнителна офсајд позиција, гол кој го постигна Дамјан Трајановски, иако вардарци се израдуваа по знак на помошниот судија, истиот гол беше поништен. Имавме можност од слободен удар, од некаде 25 метри, Трајановски биеше покрај голот, додека во последните пет минути, екипата оа Русија имаше две убави шанси да постигне гол, но Кристијан Китановски одлично одбрани. На крајот конечни 0:0 на овој интересен дуел. Утре е последен натпреварувачки ден на турнирот, на кој Вардар ќе игра за петтото место.
Вардар: Китановски, Петајчук, Крстевски, Костовски, Асани, Речица, Салиу, Демири, Хасани, Величковиќ (c) и Гугуљанов.
Пионерите под водство на Стефановски за жал не успеаа да триумфираат во големото финале на турнирот во Боровец. Втор пат на турнирот екипата на Лудогорец се покажа како подобра од нас, која славеше со резултат 2:0, со голови во првото полувреме. Со оглед дека имавме малку дена за подготовки, ова е одличен резултат на турнироот за црвено-црните, кои во конкуренција на осум екипи на крајот го освоија второто место. На турнирот учествуваа екипи како Стеауа Букурешт, Локомотив Пловдив, Будуќност, ЦСКА Софија и други.
Вардар: Стојковски, Давков, Сељанац, Ѓоргоски, Јовановски, Ѓорѓиевски, Давидовски (c), Стојчевски, Мирков, Живков, Стојановски.