Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Slider > Новите засилувања за Европскиот ракометен шампион, своето деби во црвено-црниот дрес ќе го имаат на 9.август
Новите засилувања за Европскиот ракометен шампион, своето деби во црвено-црниот дрес ќе го имаат на 9.август

Новите засилувања за Европскиот ракометен шампион, своето деби во црвено-црниот дрес ќе го имаат на 9.август

Европскиот ракометен шампион веќе четврти ден тренира во Скопје, со него и новите засилувања, Димитар Димитриоски, Павел Атман, Жозе Гиљермо Толедо, Сергеј Горпишин, Артурс Кугис и Домен Сикошек Пелко. Познато е дека тимот има и нов тренер, тоа е Давид Писонеро.

Своето деби во црвено-црниот дрес, новите засилување ќе го имаат на 9.август, на турнирот во Требиње, каде Вардар и ќе го одработи главниот дел од подготовките. На овој датум ќе ги одиграме и првите мечеви, против екипите на Борац и Леотар и двете од БиХ.

Првите официјални мечеви, новите засилување на Вардар, ќе ги имаат на Супер Глоуб Купот, во периодот од 27-31.август, каде покрај Вардар ќе настапат и екипите на АЛ Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен првак), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њу Јорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија), Кил (Германија).

Новата сезона во СЕХА-лигата ќе стартува на 4 и 5.септември, додека првиот дуел во ЛШ ќе го одиграме на 14.септември.