Македонската кадетска ракометна репрезентација ја одработува втората фаза од подготовките за настапот на СП кое се игра во периодот од 6-18 август, чиј домаќин ќе биде токму Скопје.
Под водство на селекторот Данило Брестовац, се работи вредно во Маврово. Црвено-жолтите момци на 30 јули завршуваат со подготовките и се враќаат во Скопје. Во последната финална, третта фаза ќе одиграме еден тест-дуел. Истиот ќе биде последна подготовка пред СП. На државниот празник „Илинден“, 2 август ќе биде одигран натпревар против селекцијата на Чиле. Овој дуел е важен бидејќи играме со тим јужноамериканскиот континент, од кој доаѓа и првиот ривал на мундијалот, Аргентина. Нашите момци на СП ќе бидат во група заедно со селекциите на Аргентина, Нигерија, Јапонија, Бахреин и Данска.
На списокот и по кратењето има четири играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот Марко Кизиќ, потоа Игор Ѓорѓиев, Мартин Карапалевски, и Ален Ќосевски.