Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар на голем тест, против актуелниот светски вицепрвак
Вардар на голем тест, против актуелниот светски вицепрвак

Вардар на голем тест, против актуелниот светски вицепрвак

Актуелниот светски вицепрвак Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати е третиот противник на Вардарци на летните подготовки во Словенија. Дуелот на овие две екипи ќе биде одигран денеска со почеток од 17 часот и 30 минути. Пред фудбалерите на Александар Васоски стои голем предизвик, а тимот на Ал Аин важи за фаворит на овој дуел.

Ал Аин доаѓа од една богата земја и во овој момент според „Transfermarkt“ вреди нешто помалку од  14 милиони евра. Цукаса Шиотони од Јапонија и Кајо од Бразил ја предводат листата на најскапи играчи на овој тим. И двајцата во овој момент според „Transfermarkt“ вредат 2,5 милиони евра на трансфер пазарот, a само за споредба, Вардар во овој момент се проценува на 4 милиони евра.

sasc

Ал Аин на 20 декемеври минатата година направи голем подвидг во 1/2 финалето на Светското клупско фудбалско првенство, победувајќи го победникот во Копа либертадорес, аргентинскиот Ривер Плата, на пенали со 5-4 (по 120 минути игра беше 2-2). Во финалето, овој тим очекувано загуби од Реал Мадрид со резултат 4:1.

Останува да видиме како ќе се покаже нашиот тим на дуелот, кој како што рековме ќе има почеток од 17-30 часот.