Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЕП: Македонија М18 обезбеди 1/4-финале, Ташковски одигра 25.минути
ЕП: Македонија М18 обезбеди 1/4-финале, Ташковски одигра 25.минути

ЕП: Македонија М18 обезбеди 1/4-финале, Ташковски одигра 25.минути

Вчера, македонската репрезентација за кошаркари до 18 години забележа третта победа од исто толку мечеви на Европското првенство, Б-дивизија. Повторно црвено-жолтиот состав одигра феноменално на првенството во  романскиот град Орадеа. Совладана беше селекцијата  Грузија со 87-79, со тоа нашиот национален тим  се пласираа во четвртфиналето на две кола до крајот.

Во првите три четвртини Грузијците ни беа рамноправен ривал. Со израмнети 77-77 се влезе во последните десет минути, а тогаш на сцена стапи Андреј Јакимовски и донесе серија 12-2 за уште една победа. Јакимовски со 33 поени, осум скокови и четири асистенции. Вардарецот, Виктор Ташковски одигра речиси 25.минути. Постигна една тројка, имаше два скока и забележа две асистенции во оваа победа.