Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар доби трофеј за фер – плеј екипа, на турнирот во Фоча
Вардар доби трофеј за фер – плеј екипа, на турнирот во Фоча

Вардар доби трофеј за фер – плеј екипа, на турнирот во Фоча

Во текот на вчерашниот ден, финишираше 15.издание на силниот меѓународен турнир во Фоча, на кој се натпреваруваа 10 екипи, кај генерацијата родени 2002 година.

За прв пат, овој турнир успеа да го освои екипата на Марибор од Словенија, која во големото финале, дури после изведување на удари од белата точка успеа да ја совлада екипата на Локомотива Москва (5:4), откако во регуларниот дел, натпреварот заврши со нерешен резултат (1:1).

Третото место им припадна на Будуќност, додека на четвртото место се најде екипата на Железничар. Петтото место е за Ријека, а Вардар турнирот го заврши на шесттата позиција. Крилја Советов, Сутјеска, Мол Види и Црвена Ѕвезда се најдоа на позициите од 7-10 место.

На завршниот турнир покрај трофеи и медали за најдобрите екипи, се доделуваа награди за најдобар играч, голман и стрелец, додека трофејот за фер плеј екипа го доби токму Вардар, а му беше доделен на капитенот на оваа генерација, се работи за Мартин Радуловиќ-Величковиќ.