Кадетите на Фк Вардар (У 18) се вратија на победите во првенството, откако на домашен терен ја победија екипата на Македонија Ѓ.П. Ова беше осмо лигашко коло, а вкупно шести триумф за оваа генерација. Конечниот резултат гласеше 2:0, мечот се одигра на теренот на локомотива. Стрелци на головите беа капитенот Дејан Маркоски и Кирил Китановски. Мечот помина во доминација на црвено-црните, со поголем посед на топка и повеќе шанси за гол. Овој триумф е многу важен во продолжение од есенскиот дел, каде целта е да се стигне до првото место на табелата. Стрелецот на голот, Китановски во изјава за нашиот сајт вели:
-Натпреварот беше лесен како и што очекувавме , од самиот почеток ја контролиравме играта и во првото полувреме поведовме со 1-0 . Во вториот дел започнавме со исто темпо, противникот не можеше да го издржи притисокот и зголемивме на 2-0 кои беа конечни. Задоволни сме од играта што ја покажавме особено во второто полувреме , се вративме повторно на победите и целиме за есенска титула, изјави Кирил Китановски за нашиот сајт.
Фото: ТК Медиа
Звонко Ивановски