Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > Slider > Дибиров: Се надевам дека Требиње ќе ни донесе среќа, да дојдеме тука и следната година со трофејот од ЛШ
Дибиров: Се надевам дека Требиње ќе ни донесе среќа, да дојдеме тука и следната година со трофејот од ЛШ

Дибиров: Се надевам дека Требиње ќе ни донесе среќа, да дојдеме тука и следната година со трофејот од ЛШ

Од утре стартува второто издание на меѓународниот турнир „Свислион“ кој во периодот од 9-11.август ќе се одигра во градот на сонцето, во Требиње, каде Вардар моментално се наоѓа на подготовки. По повод овој настан беше одржана прес-конференција на која присуствуваа Тимур Дибиров и Марко Савовски, кои истакнаа задоволство од приемот и од тоа какви добри услови за работа имаат во Требиње.

-Пријатно сум изненаден од целиот комплекс тука, имаме навистина европски услови за работа. Екипите на турнирот се квалитетни и се надеваме дека гледачите ќе имаат можност да присуствуваат на еден интересен турнир, истакна Савовски, оперативниот менаџер на клубот.

Дибиров се надева дека и следната година повторно ќе дојдат на ова место и повторно со трофејот од Лигата на Шампионите.

-Физичката сила и концентрацијата ќе ни биде потребна во текот на целата сезона. Се надевам дека градот на сонцето ќе ни донесе среќа, да дојдеме тука и следната година со трофејот од Лигата на Шампионите. Очекувам на турнирот да дојдат и луѓе од околните градови, за да видат добар ракомет, рече Дибиров на прес-коференцијата.

 Утре со почеток од 15:00 часот го отвараме турнирот, со дуел против екипата на Борац од Бања Лука, додека во вечерниот термин од 21:00 часот ќе се сретнеме со екипата на Леотар од БиХ.