Викендов се одигра третото коло во детската лига. Свои настапи имаа генерациите на фудбалскиот клуб Вардар, дечиња родени “2004“ и “2005“ година. Двете генерации настапија со свои два тима и сите забележаа победи.
Фк Вардар (1) генерација “2004“ за противник го имаше тимот на Гоблен од Куманово. Избраниците на Филип Арсовски без поголеми проблеми, сосема очекувано на крајот се радуваа на победата. Конечниот резултат гласеше 6:1. Георг Стојановски беше стрелец дури на пет голови, еден беше дело на Огнен Здравковски.
Вториот тим на црвено-црните беше уште поубедлив од своите колеги, совладувајќи ја екипата на Фк Фаст. Резултатот беше изненадувачки висок, од 15:0 во корист на младите Вардарци. Изгледаше како да се игра ракометен натпревар, според крајниот резултат.
Победничкиот и успешен ден го продолжија генерацијата родени “2005“ предводени од тренерот Зоран Петковски.
Првиот тим на оваа Вардарова генерација, беше поуспешен во дербито пртив врсниците од Металург. Црвено-црните забележаа победа со резултат 3:1. По првото полувреме, имавме минимална предност од 1:0. Филип Јовановски, Симче Здравковски и Давор Лефковски, прецизно стрелаа во мрежаа ан противникот.
Втората екипа, исто така беше успешна во својот настап. Противник им беше Фк Куманово, кого го совладаа со резултат 2:1. По првото полувреме имавме предност од 1:0. Горјан Цветков и Филип Радевски ја донесоа победата за оваа генерација на Вардар.