Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одлична серија: ФК Вардар нема пораз од 12 мај!
Одлична серија: ФК Вардар нема пораз од 12 мај!

Одлична серија: ФК Вардар нема пораз од 12 мај!

ФК Вардар руши рекорди! Нашиот тим не паметиме кога последен пат загуби на официјален натпревар. Потсетување: Тоа се случи минатата сезона, и тоа на 12 мај, кога нашиот тим беше совладан во Кичево од екипата на Шкендија со 1-0. Од тогаш па наваму ФК Вардар има одлична серија без пораз. На вкупно 17 средби нашиот тим нема доживеано пораз, односно ги има во главно победено своите противници, со по некој нерешен резултат. Овие бројки се од:  (ПМФЛ, Куп, Супер куп, ЛШ) Со оглед на фактот што ФК Вардар не загуби ни на двата натпревари во ЛШ против Апоел, тоа е одлична серија за нашиот шампион, која очекуваме да расте од натпревар во натпревар.

На последните три натпревари нашиот тим е во одлична серија, даде 10 голови против Силекс, Шкупи, и против Пелистер во купот. Најлесен ”плен” досега во овие 17 натпревари без пораз е победата над Младост ЦД со 6-0, a најслатка  против Шкендија на гости во Куманово со 1-3. Оваа недела  не очекуваат уште два натпревари, еден во купот и еден во првенството.

Фото: fkvardar.mk