Црено-црните ја продолжија победничката серија, на тешкото гостување во Чаир. Совладан беше тимот на Слога, со убедлив резултат од 0:3. Иако домаќините најавуваа голема борба и освојување на три бода, тоа не се случи. Ниту полниот стадион, не беше пречка за нашиот шампион, кој знаеше што сака на овој дуел. Многу рано во 9 минута со голот на Ивановски поведовме со 0:1. Подоцна во листата на стрелци му се придружија Блажевски и Спировски со прекрасен гол во 90 минута. Првиот стрелец на голот, Филип Ивановски за нашиот сајт ги споделува впечатоците од оваа важна победа.
-Одигравме еден добар натпревар и што е најважно се вративме назад на првото место. Мислам дека покажавме карактер и го исполнивме договорот пред почетокот на мечот. Успеавме брзо да го отвориме резултатот и да го натераме противникот да се отвори, што подоцна резултираше со уште два постигнати голови во мрежата на Слога.
Вардарци го искористија “киксот“ на Шкендија која одигра само нерешено со екипата на Младост Ц.Д. Повторно сме лидери на табелата, со еден бод предност пред нашиот најголем конкурент за титулата. Токму тимот од Тетово е нашиот следен противник. Овој натпревар ќе се одигра во недела, на арената Филип втори.
-Сега го оставаме овој дуел позади нас и се концетрираме на натпреварите што следат, кои се многу важни за нас, изјави Филип Ивановски за Вардар фанс.
Звонко Ивановски