Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар денес на “поправен“ кај ППД Загреб, ТВ пренос 17-30
РК Вардар денес на “поправен“ кај ППД Загреб, ТВ пренос 17-30

РК Вардар денес на “поправен“ кај ППД Загреб, ТВ пренос 17-30

Нема простор за одмор на црвено – црните ракометари кои по вчерашниот настап во ЕХФ лигата на шампионите со Колдинг во Данска денес допатуваа во главниот град на Хрватска -Загреб да одиграат дуел од СЕХА регионалната лига. Домаќинот ППД Загреб е предводен од миленикот на скопската публика Веселин Вујовиќ. Овој  дуелот е закажан со почеток во 17:30 часот.

Од истиот ќе може да следиме  директен пренос на Македонската телевизија на првиот програмски канал. Навистина во тежок момент доаѓа овој дуел во регионалната лига за избраниците на Раул Гонзалез освен големата дистанца мината од Данска до Загреб за само едно деноноќие тука се и отсуствата на четири стандардни играчи и вчерашната повреда на Алем Тоскиќ каде на пикерската позиција остануваме единствено со Марсениќ кој е целосно фит.   Во овој дуел Вардар влегува како лидер на СЕХА табелата со 15 бода освоени со пет победи од исто толку мечеви, домаќинот е третопласиран со 12 бода и исто така има 100% ефект во досеашниот дел од оваа лига со победи на сите четири одиграни дуели за нив. Ова е дуел на два непоразени тима во регионалното натпреварување освен Вардар и Загреб непоразен е уште и Веспрем, но они имаат одиграно само три сеха меча досега.