Сестрински дуел во рамките на второто коло од женската кадетска лига, помеѓу двете екипи на Вардар. Поуспешен беше Вардар, кој на крајот забележа победа со резултат 17:26. Дата тима се натпреваруваат во кадетската лига, предводени од Анжела Платон, која на овој меч беше тренер на победничката екипа. На спротивната страна, нејзиниот помошник Александра Кузмановска, седеше на клупата на Вардар јуниор.
Гледавме интересен натпревар о С.Р.Ц. Кале, со допадлива игра на двете страни. Јуниор добро го започна овој дуел и во почетните минути имаше предност од 3:1. Во продолжение од мечот се играше некако гол за гол на двете страни, јуниор ја одржуваше позитивата од 1-2 голови. На моменти Вардарки израмнуваа и го држеа натпреварот во резултатска неизвесност. Можеби решавачки момент за тоа како ќе се одвива овој дуел, беше серијата на погодоци од 0:4 за Вардар, кој по негативата од 9:7 го сврте водството во своја корист на 7:11. До крајот на првото полувреме успеаа да ја одржат таа позитива и да заминат на одмор со предност од 10:13.
Во вториот дел, јуниор имаше сили да парира само во првите осум минути. Потоа следуваше серија на Вардар од 0:5, за највисоки 12:19 во 45 минута од натпреварот. Овој период од мечот беше клучен за конечниот победник. Вардар јуниор не успеаа да се врати рамноправно во натпреварот и на крајот го загуби со резултат 17:26. Во победничката екипа убедливо најефикасна беше Анастасија Нелоска со 9 голови. Бојана Диневска постигна 4. Во поразениот тим највеќе се истакна Ивона Трпевска со 6 и Анета Ѓорчевска со 4 погодоци.
Вардар Јуниор: Станишиќ 1, Наумовска, Милошевска, Ѓорчевска 4, Ѓорѓиева, Дамовска 3, Буразер, Атанасова, Алексовска, Митровска 1, Трпевска 6, Ничовска, Ќириќ, Бабунска, Величковска 1, Блажевска 1.
Вардар: Тутиќ, Јакимовска 2, М.Ивановска 2, Таневска 2, Марковска, Ацевска 1, Буцевска, Ристевска, И.Ивановска, Танчева 1, Ристовска 1, Диневска 4, Е.Ивановска 3, Нелоска 9, Цветковска .