Македонската фудбалска репрезентација до 15 години во наредниот период ќе биде дел од меѓународен турнир, на кој покрај Македонија, ќе настапат уште и селекциите на Црна Гора, Косово и Албанија.
За овој турнир кој ќе се одигра во Скопје, селекторот на Македонија, Тони Јакимовски повика и двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Горјан Цветков и Филип Јовановски кои ќе го имаат дебито за македонската репрезентација.
Натпреварите се закажани да се одиграат на 27, 28 и 30.август. Собирот на репрезентативците е закажан за денес.