Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Распоред за дуелите на Вардар Јуниор во Суперлигата
Распоред  за дуелите на Вардар Јуниор во Суперлигата

Распоред за дуелите на Вардар Јуниор во Суперлигата

Ракометната федерација на својата веб-страница го постави календарот за новата сезона во машката Супер лига. Во него се познати колата од есенскиот дел и паузите поради репрезентативните настапи.  Супер  лигата во машка конкуренција ќе започне на 7 септември. Екипата на Вардар јуниор ќе игра во домашното првенство, а првиот тим на Вардар ќе се приклучи директно во плејофот по завршување на регуларните 18 кола.

Првиот дел од сезоната е планирано да заврши на 14/15 декември 2019.  Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков започнуваат со гостување во Радовиш. За разлика од кај дамите во машката ракомета конкуренција до нова година ќе има само една пауза поради ЕХФ недела. Целосниот распоред може да го погледнете -ТУКА