Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Филип Јовановски и Горјан Цветков ќе дебитираат во националниот дрес
Филип Јовановски и Горјан Цветков ќе дебитираат во националниот дрес

Филип Јовановски и Горјан Цветков ќе дебитираат во националниот дрес

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години во наредниот период ќе биде дел од меѓународен турнир, на кој покрај Македонија, ќе настапат уште и селекциите на Црна Гора, Косово и Албанија.

За овој турнир кој ќе се одигра во Скопје, селекторот на Македонија, Тони Јакимовски повика и двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Горјан Цветков и Филип Јовановски кои ќе го имаат дебито за македонската репрезентација.

Натпреварите се закажани да се одиграат на 27, 28 и 30.август. Собирот на репрезентативците е закажан за денес.